Инсталација

По преземањето на програмата за инсталација од www.e-delovodnik.com/mk, со обичен клик на преземениот фајл се стартува формата Setup:

 

Се пополнува полето за фолдерот каде ќе бидат копирани неопходните фајлови за работа со програмата, се одбира јазикот на апликацијата и се потврдува дали треба да се креира кратенка (shortcut) на десктопот. На крај се клика на копчето  , со што се стартуваат завршните процедури за инсталација. По успешната инсталација, се добива  дијалог со пораката:

Инсталирана е пробната (trial) верзија на апликацијата. Нејзината важност е 30 дена, по што повеќе не стартува. Доколку се сака да се купи лиценца со траење од една година, информациите се добиваат на сајтот www.e-delovodnik.com/mk. При старт на пробната верзија, корисникот добива порака за нејзиното времено траење.

Посети: 1343